Ципрас: Нема да има предвремени избори во Грција

16.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ципрас: Нема да има предвремени избори во Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас рече дека парламентарните избори во Грција ќе бидат одржани според планот во октомври, и уште еднаш ги отфрли шпекулациите дека ќе бидат одржани предвремени парламентарни избори за националниот парламент, пренесе „АНА-МПА“.

Коментирајќи го преспанскиот договор, Ципрас подвлече дека била отворена добра можност да се реши спорот по 30 години, и дека неговите претходници би го направиле истото да имале слични околности, додавајќи дека одредбите од договорот го постигнале најдобриот можен исход за Грција.

„Луѓето во Северна Македонија ги нарекувавме со името на нивниот главен град „скопјани“, рече грчкиот премиер, нагласувајќи дека неговата влада ја споведува националната линија која постоела од 2004 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата