Ливчиња или пратеници - кутијата е таа

Заев најави: ЦЕНЗУС ЌЕ ИМА, ИСТО КАКО ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ (ВИДЕО)

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев најави: ЦЕНЗУС ЌЕ ИМА, ИСТО КАКО ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ (ВИДЕО)

Најголемото стравување на аналитичарите и на политичките експерти е дали ќе има цензус во вториот круг претседателски избори. Зоран Заев во „ClickPlus” истакна дека очекува цензус, а доколку нема, одговори кои се опциите, меѓу кои и промена на Устав.

- По закон ќе мора да одиме на втори избори, ама јас не верувам дека ќе пропадне вториот круг. Ако и некој од најголемите политички чинители одлучи да бојкотира, ние и без големи политички чинители успеавме да постигнеме за референдумот. Изборите се друга работа. Гледаме и амбиентот каков е. Референдумот беше посебно тежок, особено за македонската политичка заедница. И сите сме согласни тука дека за претседател е друго. Ако одлучи некој да бојкотира, треба да си го прифати ризикот, што и ако со неговиот бојкот се постигнат 40% излезност. Јас верувам дека е можно да се постигнат 40% и со бојкот. И секако, не размислувам за бојкотот, затоа што Рената Дескоска како прв правник во мојата влада ми рече: Имаш опции: избори повторување, имаш можност да смениш Устав, и во него две подмножности: едното е да го тргнеш цензусот, и другото е да бираш Претседател во Собранието. И што ќе мислам сега? Мислам дека како да има цензус. И верувам дека ќе има цензус, дека ќе го постигнеме. Зошто? Затоа што верувам во граѓаните. Нема да ја остават вака дрѓавата да оди низ вода. Нова политичка криза ќе биде тоа. 

Еве што одговори премиерот:

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата