Во елитната населба Златен рид во Битола собрани КОНДОМИ ПОВЕЌЕ ОД ЃУБРЕ

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во елитната населба Златен рид во Битола собрани КОНДОМИ ПОВЕЌЕ ОД ЃУБРЕ

Класните задено со учениците засукаа ракави и светнаа голем дел од поранешната касарна во Битола каде одамна не заиграла ни метла, ни лопата, известува порталот Апла.мк.

Збунувачки е како може од една елитна населба која го носи името Златен рид да се собере толку нечистотија. Неколку десетици вреќи се собраа со ѓубре. За да ја довршат работата во целост следната недела бараат багер да го соберат сметот од старата зграда претворена во ѓубралник зад ресторанот Аурум. Учениците од втора шест од Средното медицинско училиште и други битолчани кои се приклучија кон акцијата „Мети си со класнето“ овој дел не успеаја да го исчистат зашто наталоженото ѓубре не може да се подигне со раце, метли и лопати.

56881429 10157152376889776 5744349747141935104 n

„Почнавме од паркингот на Правен факултет, па зад него, па потоа малку подесно, односно во зградата зад Аурум. Таму не чекаше најголемиот хаос досега, а имаме видено многу верувајте ми. Се чудам како на елитата битолска кои живеат таму не им пречи ова. Како и да е, голем дел средивме, додека другиот остана за следната недела, бидејќи ќе ни треба багер. БАРАМЕ БАГЕР. Човечка рака онде не може, зошто, се гледа и на фотографиите“, рече иницијаторката на акцијата Марија Магдалена Петковска Микаровска.

Од паркингот пред Правен факултет во рамки на акцијата беа собрани најмалку триста употребени и фрлени кондоми. Утешително во целата нечисторија барем е сознанието дека младите имаат безбеден секс. Тажно е тоа што часови и часови се потрошени во училиштата и факултетите за екологија, но тоа се ветреело по часовите. Како и тоа дека живееме во време кога секој декларативно се бори за грам чист воздух, а ѓубрето ни смрди  под прозорците.

На битолчани кои чистеа во пресрет им излезе и ЈП „Комуналец“. Во касарната отидоа директорот Панде Богоевски и други вработени, па се договорија синхронизирано да работат за поголем ефект. Им дадоа вреќи за собирање смет и наполнаа еден камион полн со собрано ѓубре од старата касарна.

Акцијата „Не биди ѓубре“ продолжува и следната недела. Можеби ќе им проработи свеста на оние кои го валкаат градот дека не треба да се однесуваат како ѓубре.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата