Објавено видео од уривањето на кулата на Нотр Дам

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Објавено видео од уривањето на кулата на Нотр Дам

Врвот на кулата на катедралата Нотр Дам во Париз се урна во големиот пожар кој избувна околу 18 и 50 часот.

На социјалните мрежи е објавено видео од моментот на уривање на кулата која со години била во лоша состојба поради што е почната реконструкција која требала да заврши во 2022 година.

Причината за пожарот сè уште не е позната.

Нотр Дам (Фото: ЕПА)

Катедралата Нотр Дам е една од најпознатите во светот, а годишно ја посетуваат околу милион луѓе. Нејзиното реновирање стартувало кога почнале да се појавуваат пукнатини во градбата и се стравувало дека структурата може да стане нестабилна и опасна за луѓето.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на „Твитер“ напиша:

„Тажен сум, гори еден дел од нас. Ова е трагедија за целата нација“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата