Силјановска: Генерали, држете ме за збор!

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силјановска: Генерали, држете ме за збор!

Во сите тела во кои имам ингеренции, Уставен суд, Совет за безбедност, гувернер на Нардната банка, шев на Генералштабот, генрали, држете ме за збор, ќе ги номинирам најдобрите, најумните, најквалификуваните, а тоа вие ќе го проверите, бидејќи ќе биде на најтранспарентен начин обзнанено, вети вечерва од Валандово кандидатката за претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова.

Таа рече дека како жена ќе види сметка во АРМ и за женските интереси.

Денеска во светот е неверојатно актуелно да се зборува за улогата на жените во мировните процеси. Иако имаме жена на чело на МО, јас не гледам такви потези ниту пак намери. Би сакала да видам жена-генерал во Македонија. Би сакал да видам ѓени во Кабинетот на претседателот, вени аташеи. Се разбира, тоа е природно, како што е природата совршен креатор во односот жени – мажи, ама така не е во Македонија, додаде Силјановска-Давкова.

Таа изрази надеж дека следната влада ќе го зголеми бројот на жените во извршанта власт, ќе им стави крај на заменичките функции, ќе го зголеми бројот на жените на клучните функции во дрѓавната и јавната админисгтрација, што ќе донесе нова енергија, нови знаења.

И каде што се мнозинство жените, не се на клучни функции, рече таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата