Филипче: Во среда почнуваме со вакцинација

14.02.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче: Во среда почнуваме со вакцинација

На граничниот премин Табановце, српскиот претседател, Александар Вучиќ ги предаде на премиерот, Зоран Заев, вакцините во првата фаза, односно 4650 вакцини од компанијата Фајзер.

Во таа насока, министерот за здравство, Венко Филипче кој присуствуваше на настанот изрази благодарност за донацијата од Србија и на кратко само објасни за тоа кога ќе почне вакцинацијата.

„Вчера работевме и го потпишавме договорот од Фајзер и сега веќе пристигнаа вакцините. Во среда ќе почне имунизацијата во Модуларната клиника во Клиничкиот центар, а првата група како што е познато ќе бидат здравствените работници“, истакна Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата