Руски свештеник протеран од службата затоа што сопругата учестувала на избор за мис

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски свештеник протеран од службата затоа што сопругата учестувала на избор за мис

Руски православен свештеник од регионот на Урал е поставен во служба на едно запуштено село како казна за „гревот“ кој го направила неговата сопруга. Таа учествувала на натпревар во убавина и тоа за време на пости.

Оксана Зотова

Оксана Зотова, која води салон за убавина во Магнитогорск, била избрана за „Мис сензуалност“ на тој натпревар. Критиките во јавноста почнале кога на социјалните мрежи се раширил интересен детал од нејзината биографија, а тоа е дека е сопруга на свештеник.

Оксана Зотова

Кога информацијата стигнала до верската заедница, Сергеј Зотов бил отпуштен од службата во катедралата во Магнитогорск.

Својата работа ќе ја продолжи во селото Фершампенауз, на оддалеченост од околу 65 километри од Магнитогорск.

Од верската заедница навеле дека е голем грев сопруга на свештеник да се експонира од забава.

Оксана и Сергеј Зотов

„Каков е тој свештник што не може да си ја контролира сопругата“, се дел од коментарите на верските претставници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата