Наставниците во Полска втора недела во штрајк, владата нема пари

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Наставниците во Полска втора недела во штрајк, владата нема пари

Штрајкот на наставниците во Полска влезе во втората недела, а полската влада им кажа дека нема пари за да се исполнат барањата на штрајкувачите.

Наставниците бараа зголемување од 30 отсто оваа година и истакнуваат дека заработуваат помалку од касиерките во супермаркетите, објави АП.

Сепак, десничарската влада објави дека има пари само за половина од износот што го бараат наставниците.

„Нема пари за зголемување во буџетот во 2019 година”, рече министерката за образование, Ана Залевска.

Претседателот на главниот синдикат на наставници ЗНП, Славомир Брониарц, рече дека тие не ги прифаќаат зборовите на Залевска и бараат итни нови преговори со владата.

„Сакаме да ги заработиме соодветните пари и да живееме достоинствено”, рече тој.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата