Венецуелскиот шеф на дипломатија тврди дека Вашингтон ја користи Колумбија за евтини претстави против Каракас

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венецуелскиот шеф на дипломатија тврди дека Вашингтон ја користи Колумбија за евтини претстави против Каракас

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаца, го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео за користење на тензиите на границата со Колумбија за привкелување публицитет како дел од кампањата против Каракас, пренесува РТ.

„САД и Колумбија го претворија колумбискиот пограничен град Кукута во сцена за нивните најдекадентни и најевтини претстави“, објави Ареаца во неделата реагирајќи на посетата на Помпео во областа.

Претходно, мигрантите од Венецуела кои живеат во кампови на колумбиската страна на границата се побунија поради премалите количества храна и се судрија со локалната полиција. Градовите на страната на Венецуела, исто така, беа сцена за судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Немирите беа влошени од обидите на опозицијата да донесе камионисо помош од САД во Венецуела. Властите одбија да ги пуштат, осудувајќи го овој потег како ПР-трик и изразувајќи сомневања дека Вашингтон може да ги искористи камионите за криумчарење оружје.

Со згоелмувањето на тензиите, американските официјални претставници и дел од западните медиуми ја обвинија венецуелската влада за палење на еден од камионите за време на драматичната конфронтација на граничниот мост со Колумбија, но снимките од местото на настанот и дополнителното известување открија дека камионот е всушност запален од опозициските активисти.

Сепак, за време на својот престој во Кукута, Помпео се сретна со група мигранти од Венецуела и уште еднаш побара од Каракас да ја прифати хуманитарната помош испратена од САД.

Венецуела, од своја страна, изјави дека ќе ја прифати само помошта што ја спонзорираат ОН и глобалните хуманитарни организации како Црвениот крст, со кои венецуелскиот претседател Николас Мадуро постигна договор со почетокот на неделава.

Во неделата, Помпео дополнително го критикуваше Мадуро од Колумбија, велејќи дека САД ќе продолжат да ги користат сите економски и политички средства што им се на располагање за да му помогнат на венецуелскиот народ. Тој ги спомна економските санкции и повлекувањето на визите за венецуеските претставници меѓу средствата за притисок врз владата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата