Саманта Фокс го продава своето прслуче за 100 евра, причината ќе ве шокира (Видео)

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саманта Фокс го продава своето прслуче за 100 евра, причината ќе ве шокира (Видео)

Саманта Фокс (53) во осумдесетите беше една од најпосакуваните пеачки во светот, со 16 години, само што ја започнувала кариера, било јасно дека ќе стане ѕвезда.

Почнала како модел, а во 1986 година влегла во светот на поп музиката. Била прогласена на ‘најдобра девојка со дуплерици (слики на дупли страници во весници или ревии) на сите времиња’.

Саманта за Плејбој се сликала 1996 година и не крие дека дека и денеска со задоволство тоа би го направила. Всушност таа сака да им докаже на жените дека во стареењето нема апсолутно ништо лошо.

Сега Саманта ги продава своите работи од времето кога била славна. Така заинтересираните можат да станат сопственици на прслуче, корсет, трикоа и дизајнирани фустани кои ги носела Фокс, но тоа не е се. “Секое парче доаѓа со потпис од Саманта и фотографија која ја потврдува автентичноста на артиклот“, пишува во описот на производот.

Прслукот може да се најде по цена од 100 евра, додека парчињата како што се бикини кои Фокс ги носела во џунгла за време на снимање на шоуто 'I'm a Celebrity' веќе биле продадени за скоро 300 евра.

Во приватниот живот била во љубовни врски и со мажи и со жени, а пред 15 години објавила дека ја сака својата менаџерка, со која била до нејзината смрт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата