ВМРО-ДПМНЕ: 80 проценти од инвестициите со кои се фали СДСМ ги донесовме ние

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: 80 проценти од инвестициите со кои се фали СДСМ ги донесовме ние

Oсумдесет проценти од странските директни инвестиции со кои се фали СДСМ се реинвестирана добивка на веќе постоечките инвеститори во државата, кои ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозицијата, реагирајќи на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ. 

„СДСМ нема направено ништо за економијата. Со оваа влада економијата само тоне, доказ за тоа е и оценката на германските стопанственици, според кои економската политика на СДСМ е оценета со нула. Инвестициите на „Чагатај Кабло“, „ВИК“, „Теламон“ и „Мурат Тичарет“ се инвестиции донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев и Стево Пендаровски не направија ништо друго за економијата освен задолжување. За две години државата ја задолжија за над половина милијарда евра. Капитални инвестиции нема, а никој не знае каде отидоа парите за кои не задолжија, а треба да ги враќаат идните генерации“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека Заев и Пендаровски допринеле бројот на луѓето кои живеат во сиромаштија во Македонија да се зголеми за над 100.000.

„Платата наместо да се зголеми се намали за 1.200 денари. Заев и Пендаровски се крах за економијата. Гласот за Пендаровски е глас за економски дебакл“, додаде ВМРО-ДПМНЕ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата