Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат од вечерва на полниќ. Според објавените податоци, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,21 отсто.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 3, односно 2,5 денари. Така еден литар „95“ ќе чини 71,5 денари, а еден литар „98“ ќе чини 73 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1,5 денар и еден литар дизел од вечерва ќе чини 62,5 денари.

Новите цени ќе важат следните две седмици.

 

извор: Makfax

2

Најчитани вести