СЕ ОГЛАСИ И ОГРАБЕНАТА БАНКА: ПАРИТЕ СЕ ОСИГУРАНИ - Клиентите можат да бидат спокојни!

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ОГЛАСИ И ОГРАБЕНАТА БАНКА: ПАРИТЕ СЕ ОСИГУРАНИ - Клиентите можат да бидат спокојни!

Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на банката се безбедни и во добра состојба, велат од НЛБ „Тутунска банка“ по вооружениот грабеж на нивната експозитура во Чаир.

Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, велат од банката.

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата