Вооружен грабеж во „Тутунска банка“, повреден еден од вработените

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вооружен грабеж во „Тутунска банка“, повреден еден од вработените

Вооружени лица утринава извршиле грабеж во „НЛБ банка” на улица Ферид Бајрам во скопската населба Чаир. При разбојништвото било пукано со огнено оружје. Крадците повредиле и 26-годишно момче вработено во банката.

Настанот бил пријавен во полиција во 10:30 часот.Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага. Сè уште се утврдува колку пари биле украдени од банката.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата