Кинескиот производител на телефони Honor овие денови го претстави моделот Honor 8A Pro, а сега се појавија спецификации и фотографии на Honor 8S.

Honor 8S користи 5.71-инчен дисплеј со засек во облик на капка и резолуција од 1520 x 720 пиксели. Екранот има тенки рамки од страна и од горе, со нешто подебела долна рамка.

На задната страна на смартфонот се наоѓа 13 MP камера. За селфи и видео повици е задолжена 5MP камера од предната страна, која е сместена во засекот.

Honor 8S го покренува Helio A22 чипсет, искомбиниран со 2GB RAM и 32GB простор за складирање. Ќе постои и варијанта за Западна Европа, која ќе има дополнителни 1GB RAM и 64GB интерна меморија.

Телефонот е тенок 8,45 милиметри, ќе работи под Android Pie оперативниот систем со EMUI 9 и ќе користи 3020mAh батерија. Достапноста и цената на Honor 8S не се познати.

извор: USB.mk

1

Најчитани вести