Покрај Сузана Гавазова кој не би направил грев

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Покрај Сузана Гавазова кој не би направил грев

Сузана Гавазова има нова песна со наслов „Роден си за грев“. Песната е снимена во две верзии - македонска и српска и е наменета за пазарот во соседството. Ова не и е прва песна на фолкерката која ја снима на српски, имено, темата доаѓа по „Хало“ и „Намазана“ од кои, вели, е прилично задоволно како биле прифатени од публиката. Спотот за оваа песна е снимен кај уште еден наш сосед, односно во Бугарија и во него Сузе по којзнае кој пат покажа дека е најзгодната пејачка на домашен терен. 

Во продолжение слушнете ги двете верзии, и македонската и српската, па проценете која повеќе ви се допаѓа. 

Македонската е со потписите на Орце Зафировски, чиј е текстот, Александар Саблиќ чиј е аранжманот, и Саша Диниќ како автор на музиката. 

 

За српската, пак, која е насловена „Сеќање на твој грех“ покрај Саша Диниќ чија е музиката, биле задолжени и Ана Диниќ која е автор на стиховите, и Александар Саблиќ. Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата