(Видео) Тајни снимки од амбасадата на Еквадор откриваат како Асанж ги поминувал деновите

15.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Тајни снимки од амбасадата на Еквадор откриваат како Асанж ги поминувал деновите

Објавени се снимки од безбедносните камери од амбасадата на Еквадор, кои покажуваат како основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ги поминувал деновите во претставништвото во Лондон.

На снимката што ја објави шпанскиот весник „Ел Паис”, Асанж носи шорц и маица и се обидува да вози скејтборд во просторијата каде што престојува. Бос се качува на скејтбордот, но по секој обид, губи рамнотежа и паѓа.

Асанж, исто така, имал посета во амбасадата и на снимката се гледа група луѓе во јакни, а основачот на „Викиликс” во еден момент зема фотоапарат и фотографира човек кој се обидува да му ја земе камерата. се претпоставува дека тоа е група новинари, а Асанж, на крајот од посетата, разговара со некого на мобилен телефон.

Не е познато кога биле направени овие снимки, но весникот тврди дека тие биле снимени од страна на шпанската безбедносна компанија Undercover Global S.L., која го чувала Асанж до 2017 година.

Асанж беше уапсен во четвртокот од британската полиција по речиси седум години поминати во амбасадата на Еквадор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата