Лазаров: ДА РАСЧИСТИМЕ – Немам ништо против Брестовац, ниту сум имал против некој друг селектор! (ВИДЕО)

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лазаров: ДА РАСЧИСТИМЕ – Немам ништо против Брестовац, ниту сум имал против некој друг селектор! (ВИДЕО)

Македонија ремизираше со Исланд, 24-24, но сепак шансите за првото место во групата се на наша страна. По мечот во Рејкјавик, капитенот Кире Лазаров изјави дека на тој натпревар користевме некои работи од претходниот селектор Раул, кои многумина ја протолкуваа дека десниот бек има нешто против новиот предводник Данило Брестовац.

„Јас по натпреварот со Исланд имав една изјава, која некои ја сфатија позитивно, некои негативно, но во оваа прилика сакам да расчистиме дека не сум имал ништо против ниту еден селектор на Македонија. Да имав нешто против Данило, немаше тој да биде тренер на мојот камп“, изјави Лазаров.

Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот…

ИЗВОР: 24РАКОМЕТ.МК

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата