Македонија пропушти победа, Исланд се спаси на три секунди пред крајот

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонија пропушти победа, Исланд се спаси на три секунди пред крајот

Ракометната репрезентација на Македонија беше на чекор до нов триумф против Исланд и пласман на ЕП 2020, но противникот со гол на три секунди пред крајот се спаси од пораз, па натпреварот заврши нерешено 24-24.

Македонија и Исланд одиграа израмнет натпревар во кој двете селекции се менуваа во водство.

Нашите репрезентативци беа многу блиску до уште една победа, имавме напад во последната минута за два гола предност, но ударот на Кире Лазаров го одбрани исландскиот голман, а во својот напад тие реализираа на три секунди до крајот и се спасија од пораз.

По четири одиграни кола Македонија е на врвот од табелата со 5 бода, колку што има и Исланд. На третото место е Турција со 4 бода, а Грците се последни со два бода. Првопласираните две репрезентации од групата обезбедуваат учество на Европското првенство 2020.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата