Сиљановска ГО УТЕПА ПЕНДАРОВСКИ: Ако не Ви е КУПЕНА ДИПЛОМАТА, како тогаш не ги разбирате правните работи?

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сиљановска ГО УТЕПА ПЕНДАРОВСКИ: Ако не Ви е КУПЕНА ДИПЛОМАТА, како тогаш не ги разбирате правните работи?

Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на телевизија Сител говореше за скандалозниот закон за селективна амнестија кој го донесе власта на СДСМ.

Таа истакна дека селективната амнестија е спротивна на Уставот и законите. По низата негодувања од страна на Пендаровски во дебата професорката го запраша дали можеби Пендаровски има нерегуларна диплома со оглед на неговото непознавање на правото.

-И вие имате докторат од право. Со закон за амнестија кој не важи ерга омнес не се однесува на сите, туку треба да поднесуваат како за помилување заинтересираните. Па вие не знаете што е закон за амнестија. Амнестијата во закон се однесува на сите што учествувале во еден настан или сите што се обвинети за едно дело.

Не беше закон за амнестија туку се бараше точно уште слики да имаше од луѓето кои треба да бидат амнестирани. Заборавате на Уставот и на законите. Законот за амнестија од целата правна фела така како што се спроведуваше со барање, ги поднесуваа само оние кои требаа да ги поднесат.

Па нема во амнестија сакање не сакање. Законот за амнестија веднаш стапува во сила, нема потреба од никакви барања. Што имате вие нерегуларна диплома изгледа, благодарение на цел живот во структурите, јас имам проблем. Ако не ви е купена како тогаш вака ги разбирате работите, запраша Силјановска Давкова.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата