Правда демантира: МЕРЦЕДЕСОТ СО КОЈ СЕ ВОЗИ ДЕСКОСКА Е ПРИВАТЕН

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Правда демантира: МЕРЦЕДЕСОТ СО КОЈ СЕ ВОЗИ ДЕСКОСКА Е ПРИВАТЕН

Министерството за правда демантира дека министерката Рената Дескоска на митингот во Скопје дошла со возило кое е сопственост на Министерството за правда. Во соопштението стои:

Денеска, во дел од медиумите беше пренесена лажна вест дека министерката за правда Рената Дескоска го користи службеното возило за да оди на собирот за поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Ваквите објавени содржини се манипулативни и невистинити, најостро ги демантираме и бараме најпрвин повлекување на ваквата вест, а потоа и јавно извинување од страна на оние кои ја споделија веста без да направат проверка на фактите.

Сите знаат дека службените возила на министрите, како од претходната влада, така и оваа, се Фолксваген – Пасат, а не како што се тврди лажно со објавената слика во која министерката влегува во возило „Мерцедес”, кое е во приватна сопственост.

Воедно, во оваа прилика сакаме да потенцираме дека лесно може да се провери сопственоста на возилото, дека истото не е дел од возниот парк на Министерството за правда, ниту пак Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), ниту пак на било која друга јавна институција. На денешниот митинг, министерката отиде со приватно возило на нејзин сопартиец кој одеше на истиот митинг.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата