Почина сопругата на Слободан Милошевиќ

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина сопругата на Слободан Милошевиќ

Вдовицата на поранешниот претседател на СР Југославија Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ, почина денеска на 77-годишна возраст.

Марковиќ, која беше прва претседателка на Југословенската левица, почина во болница во Сочи, Русија каде што во 2010 година доби азил.

Таа беше во бегство од правосудните органи во Србија која распишаа потерница по неа во рамки на истрагата за злоупотреба на доделувањето на државни станови во 2000 година.

Поради бегството, Марковиќ не присуствуваше на погребот на нејзиниот сопруг, кој во март 2005 година почина во притворот во Хашкиот трибунал, каде му се судеше за воени злосторства извршени во текот на судирот на територија на поранешна Југославија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата