Оваа била последна порака на Мира Марковиќ до Србија и Србите: Вдовицата на Слободан до крај верувала во правда

14.04.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Оваа била последна порака на Мира Марковиќ до Србија и Србите: Вдовицата на Слободан до крај верувала во правда

Ослободителна пресуда и била изречена после скоро 15 години од подигање кривична постапка.

Сопруга на покојниот Слободан Милошевиќ, Мирјана Марковиќ починала денеска, а само пред дваесет дена, таа ексклузивно за Еспресо.рс. ја искоментирала укинетата првосилна пресуда во која била осудена на една година затвор. Таа за истиот портал кусо изјавила:

- Не ја коментирав пресудата и порано, нема ни сега. Можам само да кажам дека правдата секогаш победува.

Како за потсетување, на Мирјана Марковиќ, Апекациониот суд во Белград и ја укинал првостепената пресуда во која минатата година била осудена на една година затвор под обвинение дека влијаела на Владина комисија за незаконско доделување државен стан на нејзин внук...

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата