Samsung со новата Galaxy S10 серија заврши добра работа. Иако има понекои критики за уредите, тие се сепак ретки. Ако се суди според бројните рецензии ширум Интернет, поголем дел од рецензентите не пронајдоа посериозни замерки за новата линија.

Но, дел од крајните корисници упатија критика на читачот на отпечатоци од прсти дека е пребавен. Да потсетиме, оваа година Samsung прв пат во своите смартфони вгради ултразвучен скенер на отпечатоци од прсти кој се разлика од досегашните капацитативни не се наоѓа на куќиштето, туку е интегриран во самиот екран. Поради тоа и беше очекувано дека новата технологија ќе биде понесигурна во однос на старата, проверена.

Иако новите, ултразвучни читачи се попрецизни од оптичките, се покажа дека се побавни во очитувањето на отпечатокот, што го продолжува времето за отклучување на смартфонот. Ако телефонот го отклучувате на неколку часа, тоа нема да ви претставува проблем, но ако го отклучувате повеќе пати во период од еден час, тогаш е навистина проблем.

Samsung поради тоа одлучи да поработи на софтверскиот дел и да ја забрза целата работа. Новата надградба која овие денови почна да пристигнува до сопствениците на Galaxy S10 и Galaxy S10+ е тешка 6,9 MB и донесува понова верзија на апликацијата – Fingerprints. Според наводите на оние кои ја преземале надградбата и ја инсталирале, препознавањето на отпечатокот од прст и отклучувањето на уредот е речиси моментно. Мала напомена: Надградбата не оди низ Google Play, туку преку Galaxy Store.

 

извор: USB.mk

1

loading...
loading...

Најчитани вести