Овие избори се повеќе од обични избори, затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено, рече Мицкоски на митингот во Скопје. Тој им порача на скопјани да ги преземат работите во своите раце и да излезат да гласаат за својот дом, за своето семејство, за заедничката иднина.

Македонија овој пат се брани со гласачко ливче, на 21 април и на 5 мај. Затоа што ова не се обични избори Затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено. Сруши еден темел, нагриза друг, почна со рушење на дневната соба, ги разнишаа гредите, а кровот кога тогаш ќе падне без сето ова. Во меѓувреме ни велат седете внатре безбедни сте, иако сите добро знаете дека не е така. Затоа ова мора да престане. Мора да се спротивставиме на ова рушење, зошто ни го одземаат нашиот дом, кој не е само наше право туку наша обврска. Затоа овој пат Македонија се брани на овие избори со гласачко ливче, рече Мицкоски.

Тој рече дека оваа кампања го потврдила сето она што се зборувало за заевизмот и неговите црнилата.

До таму дојде работата што истрчаа на избори без визија, на нивните митинзи освен по некоја нарачана фалба, тук-таму некоја поетска изведба и лош хумор од Пендаровски нема да чуете ништо конкретно. Тоа е потценување на сопствениот народ. Да го видите на билборди со онаа вештачка насмевка, и со позадина на народ кој е заматен, со заматени лица, бидејќи, нели, Пендаровски Стево, по примерот на тој што го номинираше – Зоран Заев, бил најважен. Од Пендаровски наместо визија ќе чуете бачила, сурати, пред очи да не му излегувале луѓето ако не победел, па луѓето ги нарекува со оној збор што ми е непријатно да го кажам овде. А од Заев истата празна реторика, викање на митинзите, зборење во трето лице, за да ја сокрие нервозата и по некоја неразбирлива дилема, како на пример онаа која ја кажа дали мрчењето бил збор на македонски или струмички, демек едното е поразлично од другото, а кога ќе помине сето тоа ќе удри по некоја песна, и тоа на лош англиски, рече Мицкоски. 

 

1

loading...
loading...

Најчитани вести