Петрушевски: Власта сака да ја политизира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петрушевски: Власта сака да ја политизира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Власта предводена од ова парламентарно кревко мнозинство на Зоран Заев, сака брутално да ја политизира и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција.

Тој рече дека обидите за целосна контрола на оваа власт во секое поле на дејствување го дистигнува врвот.

„Со новиот Предлог закон за изменување на законот за ауди и аудиовизуелни медиумски услуги кои ова парламентарно мнозинство сака да го протне во Собранието и тоа по скратена постапка, предвидува целосна контрола на СДСМ и коалцијата на ова тело. Преку овој предлог закон власта сака целосна цензура и контрола на медиумите во Македонија. Ова го нема ниту во најтоталитарните режими во светот. Со измените на овој закон власта сака изборот на членовите на оваа агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, да се избираат со мнозинство на пратеници во Комисијата за избори и именување, како и при гласање на овој предлог за изменување на законот во Собрание“, рече Петрушевски.

Во однос на овој закон, Власта предлага изборот на членови на ова тело да се врши со  61 пратеник во Собранието, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека потребно е двотретинско мнозинство.

„Пратеници од власта на нивна иницијатива предлагаа пред неколку години изборот на членови да биде со двотретиско мнозинство, за сега истите тие пратеници да се предлагачи на новите измени на овој Закон. Ова е уште еден од многуте докази за лицемерните политики на СДСМ во текот на изминатите години“, додаде Петрушевски.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата