Андоновски: Владата прави за да оваа статистичка операција стане политичка

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Андоновски: Владата прави за да оваа статистичка операција стане политичка

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за попис и најави бојкот доколку истиот се спроведе согласно начинот на кој планира власта. Стефан Андоновски, еден од помладите опозиционери во интервју за Фактор.мк изјави дека партијата застапува принципиелни ставови и дека бара попис според европски стандарди, а не фалсификуван процес и пописен инженеринг. Андоновски за тврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се противи воопшто на гарантираните права на етничките заедници и дека наскоро ќе имаат конкретен коалиционен партнер од албанскиот политички блок со кого заеднички ќе настапат на следните избори.

„Прво треба да се разјасни дека ВМРО-ДПМНЕ е за кредибилен попис по европски стандарди. За жал ситуацијата е таква да голем број од европските и државите од соседството да ги одложуваат пописите оваа година, најмногу поради пандемијата со КОВИД-19 бидејќи се смета дека теренскиот попис нема да ги даде потребните резултати. Македонија има многу лоши резултати во справување со пандемијата што е причина плус. За конкретното ваше прашање ниту еден од нашите 30 амандмани не се однесува на бришење на права на било кој етникум. Напротив сакаме да гарантираме дека пописот ќе биде кредибилен и каков е составот на населението од сите параметри, рече Андоновски за Фактор.мк.

Андоновски додаде дека владата прави за да оваа статистичка операција да стане политичка.

„Ми се чини дека Владата прави сѐ оваа статистичка операција да стане политичка и да им помогне во продолжувањето на функционирањето на селојтеп коалицијата која е прилепена  од различни структури, изјави тој.

Целото интервју на Андоновски можете да го прочитате на Фактор.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата