Mашината за алишта ви фаќа мувла и има непријатен мирис?! ЕВЕ КАКО ДА ЈА ЕЛИМИНИРАТЕ

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Mашината за алишта ви фаќа мувла и има непријатен мирис?! ЕВЕ КАКО ДА ЈА ЕЛИМИНИРАТЕ

Дали по перењето облеката ви има непријатна миризба, а во внатрешноста на гумата на машината за перење или во преградата за прашок се појавиле црни дамки? За да се решите од оваа непријатна појава сторете го следното.

Ќе ви биде потребно: течно средство за чистење (пожелно е да содржи хлор), сунѓер (кој нема да ви биде жал да го фрлите), ракавици и 25 грама лимонтус.

Постапка: Првиот чекор во бор бата против мувлата е обично бришење со хартиено марамче на внатрешноста на машината за перење за да се решите од насобраната прашина.

Потоа нанесете било какво средство за чистење (пожелно е да содржи хлор) на гумата, по целата површина, рамномерно распоредувајќи го. Затворете ја вратата и оставете така 2 часа. По истекувањето на времето, вклучете ја машината на режим „плакнење“, за да се испере средството за чистење.

Потоа во преградата за прашок ставете го лимонтусот и вклучете ја машината на највисока температура. По оваа процедура, вашата машина ќе светне како да е нова. Повторете ја оваа процедура по потреба за месец дена, за да конечно се ослободите од мувлата.

И не заборавајте дека превентивното одржување значи продолжување на животниот век на вашата машина за перење алишта.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата