СЕВЕРИНА НЕ ИЗЛЕГУВА ОД СУДНИЦА! Сега ја тужи учителката на син и и бара 9500 евра

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕВЕРИНА НЕ ИЗЛЕГУВА ОД СУДНИЦА! Сега ја тужи учителката на син и и бара 9500 евра

Северина утре повторно ќе оди на суд, и тоа затоа што овој пат ја тужи учителката на син и. Причина за процесот е наводен инцидент кој се случил во октомври 2019 година, а учителката од пејачката барала 9500 евра отштета.

Како што пренесуваат медиумите Севе и учителката не мора да се појават на суд, тоа е нивна желба. Инаку, првото рочиште им било закажано во ноември минатата година, но било одложено, а тужбата била покрената во април. Интересно е дека Севе не се појави на последните две рочишта во спорот против неа, а кој го покрена судијката Луција Ласиќ. Причина за оваа тужба беше изјавата на пејачката во која таа рече дека е психички силувана не само од страна на таткото на нејзиното дете, туку и од институциите, конкретно судот во Сплит, за време на постапката за одземање на синот кај судијката Ласиќ.

Ласиќ била дел од процесот во кој се решавало за жалбата на пејачката на пресудата за одземање на синот кој било решено дека треба да живее со таткото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата