Србија досега вакцинирала 320.000 лица

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Србија досега вакцинирала 320.000 лица

Потпишавме договори за 6,5 милиони вакцини, но едноставно нема вакцина, изјави покраинскиот секретар за здравство и член на кризниот штаб Зоран Гојковиќ и рече дека досега 320.000 луѓе биле вакцинирани. Со тоа, според него, Србија е втора во Европа по бројот на вакцинирани на милион жители.

Гојковиќ оценил дека фактот што Србија е веднаш зад Велика Британија според бројот на вакцинирани, всушност е индикатор за тоа колку добро се работело на заштита на населението.

„Фармацевтските компании очигледно загризаа голем залак кога помислија дека ќе можат да произведат толку многу вакцини и тоа се проблеми со кои ќе се соочуваме“, рече тој на прашањето за достапноста на вакцините, коментирајќи ја глобалната трка во имунизацијата против Ковид-19.Според него, „сега ниту парите, ниту моќта повеќе немаат улога“, но можат да се потпрат само на снаодливоста и пријателството.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата