За 24 часа хоспитализирани 19 лица, во ковид-центрите во Скопје има 262 пациенти

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За 24 часа хоспитализирани 19 лица, во ковид-центрите во Скопје има 262 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми.

„Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 4 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 10 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти“, се наведува во соопштението.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија се сместени 16 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 12 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца (Козле) има 8 пациенти.

Од вкупно 262 пациенти кои лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 140 слободни места, а се очекува во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти да се ослободат и дополнителни места.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата