СТРАШНО: Во налет на бес си го ИСКАСАПИЛА МАЖОТ затоа што му нашла фотки во телефонот на кои не се препознала!

27.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СТРАШНО: Во налет на бес си го ИСКАСАПИЛА МАЖОТ затоа што му нашла фотки во телефонот на кои не се препознала!

Леонора Р. од Мексико се нашла зад решетки затоа што во налет на љубомора си го избола сопругот. Нападот се случило откако во неговиот телефон нашла експлицитни фотографии. Во налет на бес не сфатила дека жената на фотографиите е таа и дека истите датираат од пред неколку години.

Кога дошла полицијата во домот го затекнала сопругот на Леонора, Хуан со бројни убодни рани по рацете и нозете. Несреќниот сопруг бил во шок од тоа што го снашло и пред да биде избоден не можел да каже ни збор во своја одбрана. 

Откако работата стивнала Хуан и рекол дека на фотографиите се тие двајцата и дека истите се од времето кога биле момче и девојка. Леонора во налет на љубомора и бес не се препознала затоа што на фотографиите била и помлада и послаба и нашминкана.

Хуан на полицијата и открил дека фотографиите ги нашол на својата електронска пошта и решил да си ги зачува. Но овој потег се покажал како погрешен затоа што Леонора не само што не се познала туку и го повредила. Иако се покајала заради бруталниот напад, полицајцијте ја привеле за семејно насилство и против неа е поднесена пријава, додека Хуан завршил во болница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата