Кошаркарите на Јута Џез продолжуваат со блескави партии во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Синоќа „џезерите“ на домашен терен славеа над Њујорк Никс со 108:94 и ја остварија деветтата последователна победа. Сега тие стигнаа до бројката од 13 победи и само четири порази и се искачија на второто место во Западната конференција. Пред нив се само актуелните шампиони во НБА ЛА Лејкерс.

Ројс О’Нил  со 20 поени, Мајк Конли (19) и Руди Гобер (18 поени и 19 скока) беа најдобри на теренот кај Јута. Кај гостите добра партија имаше Остин Риверс со 25 поени.

Во второто дерби синоќа Атланта дома ги победи ЛА Клиперс со 108:99. Јанг постигна 38 поени во победата на Хокси, додека Џексон со 20 беше најефикасен кај гостите. Во последниот меч синоќа Хјустон славеше над Вашингтон со 107:88.