Манчестер Сити е новиот лидер во англиската Премиер лига, откако вечерва го декласираше Вест Бромвич на гостински терен, совладувајќи го со 5:0. За „граѓаните“ ова беше 12-та сезонска победа со која дојдоа до 41 бод, еден повеќе од градскиот ривал Манчестер Ј. кој останува на 2. место.

Доминацијата на Сити почна со голот на Гундоан во 6. минута, а потоа продолжи со оној на Кансело во 20-тата, за Гундоан само десет минути потоа погоди вторпат за 3:0. Кон крајот на првиот дел Манчестер Сити преку Марез зголеми и на 4:0 со што јасно стави дознаење дека овде се е завршено. Петтиот гол за гостите беше дело на Рахим Стерлинг во 57. минута.

 

Арсенал со голем пресврт дојде до победа над Саутемптон со 3:1, кој имаше среќа прв да поведе со голот на Армстронг, но „топчиите“ уште во првиот дел со головите на Пепе и Сака се вратија за предност.

Третиот гол беше дело на Лаказет во 73. минута.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore