Еден од култните шпански тимови Реал Унион доби нов сопственик и тоа не во кој било, туку во еден од најпопуларните шпански стратези, Унаи Емери.

Унаи Емери денеска го купи култниот шпански клуб, кој нема играно во првата лига од 1932 година, но сепак е еден од најпознатите екипи во Шпанија.

Клубот моментално е во Сегунда Б, трето ниво на шпанскиот фудбал, и потекнува од баскискиот град Ирун. Унаи Емери го купи клубот за кој играа неговите татко и дедо, а и двајцата беа голмани. За разлика од неговите татко и дедо, Унаи има успешна тренерска кариера која моментно ја продолжи како тренер на Виљареал.