Јапонската влада планира да обезбеди околу 10.000 медицински работници за време на Летните олимписки игри во Токио. Ова го објави министерката Сеико Хашимото за време на дебатата во парламентот на земјата.

„Планираме да обучиме медицински работници и ќе им понудиме понуда на околу 10.000 луѓе“, рече таа. Хашимото исто така истакна дека ангажманот на овие специјалисти на Олимписките игри нема да и наштети на работата на локалните болници.

Организациониот комитет „Токио 2020“ размислува за формирање на независно тело под работното име Центар за инфективни болести за координирање на контролата на коронавирусот кое ќе работи за време на Игрите.

Олимписките игри во Токио требаше да се одржат летото 2020 година, но поради глобалната пандемија беа одложени за периодот од 23 јули до 8 август 2021 година.