НЕЈЗИНИОТ ШАМАР СЕКОГАШ ЌЕ ГО ПАМЕТАМ: Се огласи „Боба“ за смртта на неговата „Марија“

26.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕЈЗИНИОТ ШАМАР СЕКОГАШ ЌЕ ГО ПАМЕТАМ: Се огласи „Боба“ за смртта на неговата „Марија“

Актерката Ријалда Кадриќ почина ненадејно во Атина на 57-годишна возраст.

Кадриќ беше најпозната по улогата на Марија во Жикина Династија, каде заедно со Боба беа едни од најомилените парови во поранешна Југославија, неизмерно популарни и сакани.

Владимир Петровиќ, попознат како Боба, за српските медиуми коментираше многу кратко: „Во шок сум, сè уште не можам да верувам во тоа што го слушнав“.

Тој претходнно откри еден детаљ од снимањето на филмот, кој никој не го знаеше. Имено, тој добил шамар од покојната Риалда.

- Риалда ме удри добро. Вежбавме пред снимањето, сепак, кога се вклучи камерата, таа случајно тргна со раката и навистина ми удри шлаканица - рече Петровиќ во едно интервју.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата