Советскиот гигант „на иднината“ КОЈ НИКОГАШ НЕ ПОЛЕТА (ФОТО)

26.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Советскиот гигант „на иднината“ КОЈ НИКОГАШ НЕ ПОЛЕТА (ФОТО)

Единствениот прототип на овој необичен авион сега е оставен во ливада блиску до Москва, но некогаш беше надеж на Советскиот Сојуз за неутрализирање на современите американски подморници.

Бартини Бериев VVA-14 - со иницијалите што го симболизира „амфибиско возило со вертикално подигање“ и 14-ка, бројот на мотори, беше создаден да се подига од кое било место, без да има потреба од писта, за потоа да лета близу до површината на водата.
Дизајнирано во 60-тите години на минатиот век, леталото е создадено како одговор на балистичките ракети „Поларис“ што САД ги произведоа во 1961 година за нивната подморничка флота. Затоа, во умот на креаторот Роберт Бартини, VVA-14 би било совршена машина за уништување на подморници.

Но, планот не успеал бидејќи полетале само два од трите предложени прототипа, а само еден успеал да полета во воздух. Кога Бартини починал во 1974 година, со него умрел и проектот, а вториот прототип бил демонтиран.

Првиот модел беше испратен во 1987 година во Музејот за  воздухопловство блиску до Москва.

Бартини, кој ја напушти својата земја Италија откако фашистите дојдоа на власт во 1923 година, имаше неколку визии за варијантите на VVA-14, вклучително и оние со водни душеци за слетување во вода и со преклопни крила.

Бартини беше креатор и на моделот наследник на VVA-14 кој беше познатиот руски екраноплан, кој како и неговиот претходник не постигна особен успех во мисијата за лов на подморници.

Официјални лица велат дека доколку VVA-14 беше завршен и целосно тестиран, тоа ќе беше навистина уникатно летало.

Tој ќе полетуваше во воздухот и вертикално и хоризонтално, како од вода така и од копно, дури и ќе леташе како нормален авион, но недостатокот на ефикасноста и малата натовареност со оружје доведоа до напуштање на проектот, велат тие.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата