По поразот од ППД Загреб во рамките на подготовките за вториот дел од сезоната, избраниците на Жељко Бабиќ дојдоа до победа во последниот пријателски натпревар во Хрватска.

Битолчани беа подобри од Горица со 24-27. Ова беше меч во кој доминираа, имаа позитива од шест гола по првото полувреме, предност која на крајот се покажа како доволна за втор триумф во третиот пријателски меч.

Ѓукиќ имаше осум гола, додека Кукуловски беше стрелец на пет. Кај противникот, Бура со десет погодоци беше прв стрелец на мечот.

Е.Пелистер во Битола продолжува со подготовките за вториот дел од сезоната, прв противник е ППД Загреб, дуел кој се игра на 6. февруари.

Пријателски натпревар: Горица – Еурофарм Пелистер 24-27 (10-16)

Горица: Сладољев (20 одбрани), Јозеповиќ, Чеповиќ 2, Горичанец 2, Негран, Шалиќ 2, Чакариќ 3, Врбиќ, Пуриќ, Гризељ 1, Бура 10, Баришиќ, Свржак 2, Томашиќ, Новак 1, Гал 1.

Еурофарм Пелистер: Чаневски (7 одбрани), Трајковски (3 одбрани), Мараш 2, Ојлески 2, Кукуловски 5, Атанасијевиќ 1, Мандалиниќ, Стјепановиќ 1, Радовиќ 3, Периќ 2, Вегар, Кукоски, Граџан 3, Ѓукиќ 8.