Очајната резултатска серија го натера Роман Абрамович уште сега да размислува на пронаоѓање заменик за Френк Лампард на клупата на „сините“. Извори од клубот за англиските медиуми тврдат дека едно од имињата кои се споменуваа како можни наследници на Лампард, Италијанецот Масимилијано алегри го „откачил“ Абрамович.

Новинарот Кристијан Фолк тврди дека „сините“ го избришале името на Алегри и продолжуваат да кружат околу неколку други имиња, меѓу кои како приоритетни се Томас Тухел и Ралф Рангник.

Сепак, Абрамович лично му ветил на Лампард дека ќе добие време да ги поправи работите во тимот, пред да се одлучи на негова смена.