За првпат по 8 ноември минатата година, Енис Барди се најде на теренот и ги одигра зaвршните десетина минути на вечерашниот меч меѓу неговиот Леванте и екипата на Ваљадолид, кој зварши нерешено 2:2, на стартот на 20. коло во шпанската Ла Лига.

Нашиот репрезентативец долго време беше надвор од терените поради повреда, се врати во тимот минатата недела против Кадиз, но не доби шанса да заигра. Денеска исто така почна од клупата, но тренерот Пако Лопез му дозволи да го почувствува теренот во финишот на мечот во кој Леванте со сите сили се обидуваше да дојде до победата.

Леванте водеше со 1:0 со голот на Дани Гомез во 62. минута, по што следуваше шокантен пресврт кој го приредија гостите. Алкараз и Пиано во период од само 5 минути од 73 до 78 минута постигнаа два гола и на Ваљадолид му донесоа предност од 2:1. Непосредбо пред влегувањето на Барди, Роџер успеа да израмни на 2:2.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore