Арсенал е на чекор до договор за позајмица на младиот фудбалер на Реал (М), Мартин Одегард. Според весникот „Сан“, „топчиите“ ќе платат 2 милиони фунти за играчот за врска на „кралскиот тим“, но нема да добијат клаузула за комплетен откуп на неговиот договор во јуни.

Преговорите за шестмесечен договор за норвешкиот репрезентативец продолжуваат и покрај тоа што Зинедин Зидан поради Ковид-19 мораше да се самоизолира.