Повремениот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев го постигна својот четврти сезонски гол за швајцарски Грасхоперс во вечерашната победа на неговиот тим на домашен терен против екипата на Стад Лозана во меч од 16. коло на швајцарската Втора лига.

За Грасхоперс ова беше важен меч во директна битка со еден од ривалите за врвот на табелата. Ѓорѓев влезе од клупата на самиот старт на вториот дел, а успеа да погоди во судиското продолжение за да ја завери победата на Грасхоперс од 2:0.