Со гол во последната секунда на натпреварот, селекцијата на Словенија се избори за реми 28:28 во дуелот со Шведска во вечерното дерби на СП во Египет. Швеѓаните имаа континуирана предност во текот на мечот, но никогаш не успеаја да се одлепат и да дојдат до резултат за прва победа во втората фаза на шампионатот. Слично како и на минатиот меч со Белорусија, сега ремизираа и против упорните Словенци, кои со овој бод и натаму останува да се надеваат на место во четврфиналната рунда.

Гајиќ со 6 и зарабец со 5 гола беа најефикасни во селекцијата на Словенија, додека кај Шведска одличен меч имаше младото крило Ване кое постигна 7 гола.

Во вториот меч вечерва, Норвешка го прегази Алжир со 36:23. Без многу дилеми, Норвежаните уште на стартот покажаа како ќе се одвиваат работите на овој меч и до крај само ја зголемуваа разликата. Блонц со 7 гола беше најефикасен кај победничката селекција.