СРЕДБАТА ПОМИНАЛА ВО НАЈДОБАР РЕД! ТАТКОТО НА БОГДАН: Цеца ми остави одличен впечаток, мојот син е задоволен! СРЕЧНО СЕМЕЈСТВО

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СРЕДБАТА ПОМИНАЛА ВО НАЈДОБАР РЕД! ТАТКОТО НА БОГДАН: Цеца ми остави одличен впечаток, мојот син е задоволен! СРЕЧНО СЕМЕЈСТВО

Светлана Цеца Ражнатовиќ се запознала со семејството на својот дечко за нивната куќна слава Свети Јован. Пејачката отишла во Крагуевац, каде што срдачно е дочекана, а како поминала првата средба раскажува таткото на Богдан Милош Срејовиќ.

- Цеца остави одличен впечаток, како што и си мислев. Богдан беше многу задоволен – открил Милош Срејовиќ.

Доаѓањето на Цеца на славата на семејството Срејковиќ, се одвивало во најтесен круг на домашните почитувајќи ги советите на епидемиолозите поради пандемија на корона вирус.

Тоа била и главната причина што само неколкумина знаеле дека Цеца ќе отпатува за Крагуевац, каде што повиците од останатите членови на семејството, пријателите и останатите роднини изостанале да го прашаат Милош каква е пејачката во живо, или да дојдат и лично да ја запознаат најголемата балканска ѕвезда.

- Немаше никаков спектакл, никој не не побара од семејството и пријателите да прашат за Цеца. Се беше пристојно во кругот на семејството, како што налага моменталната епидемиолошка ситуација – истакнал Милош за Курир.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата