ИН МЕМОРИАМ: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИН МЕМОРИАМ: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа

Почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа. Роден е 1956 година во Скопје. Дипломира актерство во 1983 година кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмски театар.

Љупчо Тодоровски –Упа покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија како и избор на актери.

Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата