„ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗАРАБОТУВАМ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ГОДИШНАТА ПЛАТА“: Се откажала од наставничката професија и продава голи фотографии (ФОТО)

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗАРАБОТУВАМ ДВОЈНО ПОВЕЌЕ ОД ГОДИШНАТА ПЛАТА“: Се откажала од наставничката професија и продава голи фотографии (ФОТО)

33-годишна наставничка се откажа од нејзината професија и започна да работи како секи модел. Кортни Тилиа започнала да продава голи фотографии на Интернет.


Таа е мајка на 4 деца, но ова ја мотивира уште повеќе, бидејќи за една недела заработува двојно повеќе од годишната плата како наставничка

Наставниците не заработуваат многу, а со 4 деца беше вистинска борба. Минатата недела заработив 85.000 долари, двојно повеќе од годишната плата како наставничка. Објавувам видеа и фотографии, некои голи, некои со долна облека или костим за капење. Имам и посебни барања ако некој сака малку повеќе. Се чувствувам подобро отколку кога бев учителка, тогаш воопшто не бев среќна. Не се срамам од она што го работам, луѓето сакаат да платат за да ме видат,а со тоа ми се смени животот, рече 33-годишната девојка.

За 6 години таа работеше како наставник во две различни училишта, но во 2015 година таа си даде отказ завршувајќи ја нејзината кариера како наставничка. Според Кортни, работата ѝ предизвикала и депресија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата