ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Овенот го очекува финансиска добивка, А ЛАВОТ Е ЦЕЛОСНО ДЕМОТИВИРАН

22.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Овенот го очекува финансиска добивка, А ЛАВОТ Е ЦЕЛОСНО ДЕМОТИВИРАН

ОВЕН

Ве очекува финансиска добивка. Поради работа малку сте под стрес, но и натаму успевате нормално да работите и да заработувате. Емотивната врска е во криза. Ниту една страна не покажува намера да попушти и да се потруди околу односот. Циркулацијата е лоша.

БИК

Работата одлично напредува. Ова е одлична недела за решавање на правни прашања. Се се одвива како што сакате. Задоволни сте од односот со брачниот партнер. Бракот има цврста основа, и ви пружа сигурност. Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Добивате нова работна понуда. Звучи доста добро, така што ја земате во сериозно размислување. Врската нормално се одвива. Партнерот е напнат, но не поради вас, туку поради проблемите на работа. Се чувствувате добро.

РАК

Работата е во целосна блокада. Постои можност на заминување на принуден одмор поради намален обем на работа. Без оглед колку сакате бракот да се одржи, јасно ви е дека партнерот нема ист интерес. Во депресија сте.

ЛАВ

Не успевате да ја подигнете работата. Многу ве загрижува кризата за која нема крај. Целосно сте демотивирани. Емотивната сфера е во колапс. Доколку сте во брак или врска, не разговарате со другата половина. Чувајте го срцето.

ДЕВИЦА

Работата се одвива едвај. Пробувате да најдете нови соработници, нов пазар, но не ви оди од рака. Целосно сте незаинтересирани за емотивната сфера. Немате желба за дружење ниту за нови познанства. Проблеми со притисокот.

ВАГА

Во целост сте задоволни од ситуацијата на работа. Ве очекува разговор со надредената личност околу тековните обврски. Односот со брачниот партнер е стабилен и покрај работната криза низ која поминува. Добро се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Барате работа. Оваа област е под блокада, па така немате никакви шанси да го најдете. Имате симпатија и имате впечаток дека вашите емоции стануваат посилни. Остварувате комуникација со другата страна. Проблеми со притисок.

СТРЕЛЕЦ

Работата е стабилна, нормално се одвива, без никаков стрес и тешкотии. Единствено ве загрижуваат финансиите кои се ограничени. Оптоварени сте поради лошите финансии. Брачниот партнер пробува да ве опушти, но не и оди од рака. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Размислувате за друга работа. Единствена причина поради која би менувале е лошата финансиска ситуација. Постои личност која ви се допаѓа, но тоа и натаму не сте и го дале до знаење. Засега одржувате комуникација со неа. Слаб имунитет.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува кратко службено патување. Доста добро поминувате на него. Се надевате дека новиот договор ќе ги стабилизира работите. Запознавате симпатична личност преку работа. Не сте сигурни како ја набљудувате: како колега (колешка) или потенцијален партнер. Внимавајте на исхрана. Наклонети сте кон прејадување на нервна база.

РИБИ

Целосен колапс е на работа. Дезориентирани сте и не знаете што да правите да се фокусирате. Не е важно, затоа што резултати нема. Не ве интересира дружење ниту нова врска. Има многу проблеми на работа, и затоа не сте опуштени. Циркулацијата е лоша.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата