ПОЧИНА НАТАЛИ ДЕЛОН: Фаталната убавица ја загуби битката со ракот

21.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЧИНА НАТАЛИ ДЕЛОН: Фаталната убавица ја загуби битката со ракот

Познатата актерка Натали Делон ја загуби битката со ракот. Натали имаше 79 години. Тажната вест ја објави нејзиниот син Ентони Делон, кој рекол дека мајка му починала опкружена со семејството и пријателите и дека причина за смртта бил агресивен тумор. 

„Мајка ми почина утринава во 11 часот во Париз, опкруќена со семејството и пријателите“, рекол Ентони.

Натали е родена како Френсис Кановас. Прогласувана е за најубава актерка во светот во неколку наврати. Освен по богатата филмска кариера и режијата на филмови, во нејзината биографија остануваат запишани и објавените мемоари.  

Била во брак со познатиот актер Ален Делон, и тоа од 1964 до 1969 година, а и по разделбата останале во одлични односи. Имала врски и со Ричард Бартон и Еди Фишер.

Меѓународна слава Стекнала со улогата во познатиот филм „Самурај“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата