Ненад Димитријевиќ и Хувентуд ја запишаа втората победа во Топ 16 фазата во Еврокупот, на домашен терен го совладаа Нантер со 95-90.

Македонскиот репрезентативец во игра мина 28 минути за кои постигна 12 поени и подели осум асистенции.

Нено имаше 1/2 за три поени и 2/3 за два поени, од линијата за слободни фрлања имаше 5/5.

Со вториот триумф, Хувентуд направи важен чекор кон четвртфиналето.